ЕКСКЛУЗИВНО : Во паника дека ќе им ја преземе партијата, Груевски и Мијалков расчистуваат со кадрите на Ставревски, сменети десетици претседатели на месни и локални комитети на ВМРО-ДПМНЕ ширум земјата!

0
1382

Порталот Мактел, повикувајќи се на партиски извори во ВМРО ДПМНЕ, информира дека дека во моментов на терен се одвива голема чистка на луѓето во партијата блиски до министерот за финансии, Зоран Ставревски.

grujo-stavre

-Груевски и Мијалков биле во голема паника дека ќе им се случи преврат, и тоа токму од Зоран Ставревски поради своето големо влијание како министер за финансии кој располага директно со парите од буџетот и може преку нив да прави мрежа на свои луѓе во земјава – пишува порталот.

Од „бомбите“ кои ги објави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, можеше да се слушне дека кај Зоран Ставревски има голем анимозитет во однос на премиерот Груевски, дека не се согласува со многу политики и начин на работа на владата

Со смената на Јанкуловска, еден дел од проблемот е решен сега останува уште да биде сменет Ставревски за што, како што пренесува Мактел, најголемм притисок вршелСашо Мијалков, но Груевски се правдал дека без Ставревски државата ќе банкротира многу бргу затоа што тој бил махер за земање кредити од сите можни банки и финансиски светски институции.