КОСТАДИНОВСКА – СТОЈЧЕВСКА : КАКО ЖЕНА ПОЛИТИЧАРКА ЈАС И СЕМЕЈСТВОТО ПОСТОЈАНО СМЕ НА УДАР

0
183

„Можеба една година од мојот мандат, најчестите прашања не беа за што ќе се залагам како министерка, туку прашања за приватниот живот. Во едно интервју возвратив дали ги поставуваат тие прашања и на моите машки колеги, и рекоа не не. Токму затоа се трудам секогаш да го заштитам моето семејство“ рече Костадиновска-Стојчевска.Министерката кажа дека има корисници на социјалните мрежи кои злоупотребуваат фотографии од нејзините деца, но дека сите напади само ѝ го зацврстуваат карактерот.Министерката за скафандерот: Пак би го облекла ако се гласа за граѓанитеНа прашањето дали повторно би влегла во Собранието со скафандер, министерката Костадиновска Стојчевска е децидна.

„Не многу после мене, двајца мои колеги од тогашниот состав облекоа скафандери и некој ги држеше како заложници осум часа додека се обидуваа да се пребројат за тоа дали ќе ја турнат владата или не. Знаеме што значи кога ќе се изгласа недоверба на Влада – влез во политичка криза. Додека јас облеков скафандер за да гласам за шестиот пакет мерки, некој облече скафандар за да ја дестабилизира состојбата во државата“ рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека за неа е несфатливо како пратеници кои примаат плата од граѓаните се дрзнуваат да не влегуваат во салата и да не гласаат закон за граѓаните.„Јас бев пратеничка, бремена, во поодмината бременост и не можев да разберам зошто се потпишуваат и враќаат во своите канцеларии. Затоа кога ќе ме прашаат дали повторно ќе облечам скафандер за да гласам одлуки за граѓаните, мојот одговор е да“ рече Костадиновска-Стојчевска.Министеката додаде дека кога таа влегла со скафандер во Собранието, опозициските пратеници креирале паника, а кога тие влегле со скафандери станало јасно дека паниката не постоела, туку била политички циркус.