КОСТАДИНОВСКА – СТОЈЧЕВСКА ЗА ТЕРА : БИТОЛА ДОБИ МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ, СДСМ ВЛОЖУВА ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ И МЛАДИТЕ

0
71
Министерката за култура и коносителка на кандидатската листа на СДСМ во петтата изборна единица, Бисера Костадиновска – Стојчевска учествуваше на трибината посветена новата високонаучна установа, Медицинскиот факултет во Битола, на која се очекува првите студенти да се запишат од следната академска година.
„Во една од нашите изборни програми изразивме подготвеност да отвориме Факултет за медицински науки во Битола и денес успеавме да го оствариме тоа ветување. Медицинскиот факултет е од особено значење за Битола, но и за околината и има клучна улога за развојот на високото образование и на универзитетот. Активно работиме на процесот од наредната година да имаме запишани студенти на овој факултет. За кратко време очекуваме да започне со работа стручната комисија за да ги запазиме роковите за отворање на оваа образовна институција“- изјави Костадиновска – Стојчевска за телевизија Тера пред почетокот на трибината.
Во изјавата таа потсети дека СДСМ и Владата постојано изкажуваат грижа за високото образование, а тоа најмногу се препознава преку постигнатите резултати.
„Високото образование ја врати својата автономија во 2018 година. Оттогаш овозможивме да се вработат млади кадри во високото образование, после подолго време овозможивме да се вработат демонстратори. Потоа следуваше развој на високоот образаование и на Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола, кој има рекорден број нови вработувања. Со тоа покажавме дека како централна власт се грижиме за образованието на сите три нивоа. Со последните измени на Законот за високо образование овозможивме покачување на платите во високото образование и изедначувања на стручните звања на сите универзитети“- посочи Костадиновска – Стојчевска.
Коносителката на листата во петтата изборна единица ви нејзиното обраќање на трибината се заблагодари на сите кои помогнале во намерата да се отвори Медицински факултет во Битола и потенцираше дека од голема важност бил ангажманот на пратенците кои гласале за измените во Законот за високо образование, како и на поранешниот заменук министер за здравство, Рендевски.
Пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ, од трибината пренесе дека ставот на сите пратеници кои гласале бил дека југозападна Македонија заслужува да има ваква образовна институција.
„Тука ќе можеме да создадеме висококвалитетен кадар кој ќе работи во областа на медицината, стоматологијата и фармацијата. Ова ќе биде и своевиден развој за целиот регион. И пред се, можност за привлекување студенти од земјата и од странство“- нагласи Коциќ.
Неговата колешка, пратеничката на СДСМ, Жаклина Лазаревска, го потенцираше значењето на прилепската и на битолската болница кои имаат стручен и професионален кадар кој ќе помогне во креирањето на наставната програма на факултетот и кој ќе може да учествува во усовршување на младите лекари.
Трибината беше организирана од Комисијата за здравство и образование при општинската организација на СДСМ во Битола.