ЃОРЃИЕВСКИ : СО ДОНАЦИЈА НА РК ,, АЛКАЛОИ” ЦЕЛОСНО ГО ОПРЕМИВМЕ КАБИНЕТОТ ПО ИНФОРМАТИКА ВО ООУ ,,КРУМЕ КЕПЕСКИ”

0
447

🤝 Со донација од РК ,,Алкалоид”, целосно го опремивме кабинетот по информатика во ООУ ,,Круме Кепески” 🏫

💻 Денес заедно со претседателот на ракометниот клуб ,,Алкалоид”, Горан Минов и другите претставници од раководството на клубот сме во ООУ ,,Круме Кепески”, каде преку нивна донација целосно опремивме кабинет по информатика.

🖥️ 🖨️📟 Десктоп компјутери, лаптопи печатачи, скенери, монитори, ранци и торби за лаптоп, од овој први септември им се ставени во функција на учениците од ова училиште со цел унапредување на нивните ИТ вештини и осовременување на наставниот процес.

🙏 Сакам да се заблагодарам на РК Алкалоид, кој покажувајќи ја својата општествена одговорност ги поддржа нашите заложби за обезбедување на поквалитетна работна средина за нашите ученици.
☝️ Се надевам дека нашата соработка ќе продолжи, бидејќи со вакви настани покажуваме дека имаме исти цели и делиме заеднички вредности – да создадеме можност секое дете да го достигне својот потенцијал.

🔙 Претходната учебна година општина Кисела Вода за основните училишта обезбеди повеќе смарт табли, а три од нив се токму во ова ООУ ,,Круме Кепески”, додека пак оваа година локалната самоуправа ќе излезе со нови мерки за унапредување на наставниот процес.

🔜 Сакам да најавам и дека од септември ќе имаме и бесплатни курсеви по информатика за децата од социјално загрозени семејства, за што ќе излеземе со дополнително соопштение, а ранците со училишниот прибор и тетратките од проектот 🎒 ,,Ранче за секое прваче” се веќе пристигнати и на 1 септември првоодделенците подготвени ќе го почнат својот прв училишен ден.

Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.