КОСТАДИНОВА : КАПИТАЛНИТЕ ПРОЕКТИ КАКО БРАНАТА КОНСКО СЕ ИНВЕСТИЦИЈА ЗА ИДНИНАТА, БАРОКОТ Е ВРАЌАЊЕ ВО МИНАТОТО

0
159

Прес-конференција, Марија Костадинова, пратеничка на СДСМ

Почитувани,

Нема поголема инвестиција во иднината на државата од реализацијата на крупни инфраструктирни проекти кои ќе придонесат да се подобри квалитетот на живот на граѓаните и да се унапредат условите за развој на конкретни стопански гранки.

Браната Конско во Гевгелија е конкретен пример дека СДСМ е партија посветена на развојот и на градењето просперитетна иднина. Владата предводена од СДСМ го иницираше, го започна и целосно го реализираше најголемиот инфраструктурен проект во гевгелискиот регион во последните 50 години, вреден 40 милиони евра.

Со новата акумулација на браната Конско се обезбедува вода за наводнување на околу 8.000 хекрати во целото Гевгелиско поле. Дополнително, со гордост најавуваме реализација на системи за наводнување на четири брани, со кои ќе се обезбедат услови за интензивно и конкурентно земјоделско производство во вкупно осум општини. Ова е најголема инвстиција во сегментот водоснабдување од осамостојувањето на државата.

Владата предводена од СДСМ покажа и докажа дека наш приоритет се крупни капитални инфраструктурни проекти кои се инвестиција во иднината, а не евтин барок кој е враќање во минатото.

Скапите гипсени фасади на ДПМНЕ мора да останат во минатото. На граѓаните не им е потребна евтина реприза од најкриминалното владеење во историјата на Македонија.

Затоа на претстојните избори ќе го поддржат СДСМ и политиката на инвестирање во брани, патишта и капитални проекти за рамномерен регионален развој и подбар живот за сите.