КОВАЧКИ : НАРОДОТ Е ПОДГОТВЕН И ОБЕДИНЕТ ЗА ПРОМЕНИ, ПРИКЛУЧЕТЕ СЕ КОН ВМРО-ДПМНЕ ЗА ДА ЈА ПОРАЗИМЕ ОВАА НЕНАРОДНА И КРИМИНАЛНА ВЛАДА НА СДС И ДУИ

0
38

Прес-конференција на Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 3

Вчерашниот митинг во Охрид покажа дека народот е подготвен и обединет за промени. А ВМРО-ДПМНЕ е партија за македонско национално единство.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги обедини сите Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Бошњаци, и сите граѓани на Република Македонија.

Ќе ја собориме оваа ненародна и криминална власт на ДУИ и на СДС.

Почитувани граѓани,

Денеска сме во Кратово, Ранковце и Крива Паланка.

Тука сме да презентираме проекти од Платформата 1198, ќе поразговараме со сите граѓани.

Ги повикувам сите граѓани кои сеуште не се определиле и кои што ја чувствуваат позитовната енергија која што доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ, да се обединиме околу идејата за Македонија повторно твоја, да се обединиме околу проблемите.