ЃОРЃИЕВСКИ : КИСЕЛА ВОДА ЗА ПРВ ПАТ ДОБИВА МОДЕРЕН ЗАТВОРЕН ПАЗАР

0
531

🏪 За прв пат Кисела Вода ќе добие модерен затворен пазар❗🍇🥦

✍️ Во постапка сме на распишување на тендерска постапка за изградба на модерен затворен пазар, прв од ваков тип на територија на општина Кисела Вода.

☝️ Го градиме на местото каде функционираше див пазар со субстандардни услови, без водоводна и санитарна инфраструктура, кој го избегнуваа и жителите на општината и самите пазарџии кои бараа поквалитетен простор за пласман на своите производи.

🏪 Објектот кој ќе се протега на површина од 2️⃣5️⃣0️⃣m2, на жителите на општина Кисела Вода ќе им обезбеди пристојно место за набавка на свежо овошје и зеленчук и простор кој освен што ќе ги исполнува сите стандарди, ќе биде и квалитетно естетско решение за овој дел од Кисела Вода, каде во непосредна близина се лоцирани паркот ,,Македонија” и Домот на култура ,,Билјана Беличанец”.

🍓🌽 Инфраструктурно средениот пазар значи и подобри услови за консументите, а неговата современа надворешност ќе даде свој удел во креирањето на новиот модерен лик на Кисела Вода, кој е моја заложба и ветување пред граѓаните.

🙏 Сакам да упатам голема благодарност до Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, кој ги препозна нашите заложби за подигнување на квалитетот на живеење во општината и преку финасиска поддршка ни овозможи на оваа визија да и дадеме реален лик.

☝️ Впрочем, подобрувањето на стандардот на социјалните услуги и подобрувањето на инфраструктурата се заеднички цели кои значат директен чекор кон зајакнувањето на општественото живеење. Воедно, сакам да се заблагодарам и на посветената работа на службите на oпштината од Секторот за локален економски развој и Секторот за комунални работи, кои го изработија проектот и успешно ја изработија апликацијата за проектот од Програмата на Министерството за локална самоуправа.

🤝 Заедничкиот ангажман во насока на прогрес на нашата општина веќе дава видливи резултати.

❗Ние не застануваме тука и сакам да најавам дека покрај овој пазар, затворен модерен пазар во периодот што следува ќе добие и Драчево.

Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.