КОВАЧКИ : МИСТЕРИЈА ЗА ИСЧЕЗНАТОТО ВОЗИЛО – КИДНАПИРАЊЕТО НА ВАЊА ИМА ЗАПРЕПАСТУВАЧКИ ПРЕСВРТ, МВР НАПРАВИЛО НИЗА ГРЕШКИ

0
1523

Возилото вклучено во киднапирањето и трагичната смрт на Вања беше официјално пријавено како исчезнато во МВР на 22 ноември. Шокантно, до 24 ноември веќе било лоцирано во Скопје, како што на денешната прес-конференција откри Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според достапните информации, првоосомничениот Палевски го извршил убиството на велештанецот Панче Жежовски, му го одзел возилото и слободно шетал со денови пред да изврши уште едно убиство и да избегне фаќање.

Зошто?

Тоа е затоа што Министерството за внатрешни работи (МВР) направи низа грешки, пропуштајќи навремено и професионално да го истражи исчезнувањето на Велештанецот Панче Жежовски. Поточно, по првичната пријава за исчезнувањето на Панче, МВР од самиот почеток не презело конкретни и сеопфатни оперативни мерки.

Поточно, МВР од самиот почеток не презеде конкретни и сеопфатни оперативни мерки по пријавата за исчезнувањето на Панче. Се поставуваат легитимни прашања кои изразуваат сомнеж дека МВР направила погрешни чекори во постапувањето со случајот и бараме одговори:

1. Дали се преземени мерки за детално пребарување на просторот, односно да се открие КАДЕ имало зрачење и да се открие телефонот, затоа што според свиркач, телефонот е пронајден дури после четири дена?

2. Дали се преземени детални мерки преку операторот на телефонскиот број на исчезнатиот за да се обработат листите на разговори кои ги остварило лицето во изминатите денови наназад?

3. Дали е точно дека од вештачењето на трагите на телефонот на исчезнатото лице се пронајдени траги на лице кое моментално е на издржување на казна затвор ?

4. Дали е точно ВНИМАВАЈТЕ – дека возилото на Панче било пријавено за исчезнато во МВР уште на 22-ри ноември (5 дена пред убиството на Вања), а министерот тврдеше дека потрага по возилото немало затоа што не знаеле дека било исчезнато заедно со Панче?

5. Зошто веднаш не е објавена централна потрага за возилото на исчезнатиот, кога за истото, покрај пријавата во МВР на 22-ри, дури и на веб-портал на 25-ти е посочено дека и возилото е исчезнато, а за кое повторувам – министерот за внатрешни тврдеше дека не знаеле дека е исчезнато заедно со исчезнатиот Панче?

6. И најважно – Дали е точно дека возилото со кое била убиена Вања било уште во петокот, односно три дена пред убиството, на скопските улици, спремно да биде искористено за убиство?

Очигледно е дека се направени кардинални пропусти за кои ако МВР имаше навремен одговор, можеби убиството на исчезнатото лице Панче немало да биде спречено, но монструмите ќе биле спречени да направат уште погрозоморен чин!, рече Ковачки.