ВЛАДАТА ОЧЕКУВА ОДЛУКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ЗА УКИНУВАЊЕ НА НОСЕЊЕТО МАСКИ НА ОТВОРЕНО И ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

0
168

“Комисија за заразни болести утре ќе дискутира за олеснување на мерките. Земајќи ги предвид бројките, кои укажуваат на многу брзо стивнување на епидемијата, јас сум оптимист дека следната недела ќе има ублажување на мерките. Не би сакал да шпекулирам кои мерки конкретно. Меѓутоа сите мерки, кои се преземени, ќе подлежат на уште една дополнителна ревизија. Ние како Министерство за здравство и како Влада, едвај чекаме да ги повлечеме мерките, но без да го ризикуваме здравјето на нашите граѓани” – изјави Хасани.

Тој потврди дека прва тема за дискусија на Комисијата за заразни болести ќе биде носењето маски на отворено. Хасани како и други граѓани, носењето маска на отворено го чувствува како товар.

“Јас лично носам маска и на отворено. Но ја чувствувам како голем товар, како и сите граѓани, особено на шеталиштата, по парковите. Кога сме сами во парковите или со децата, маската е навистина тежина” – вели Хасани.

Тој е и за целосно укинување на полицискиот час, но за тоа треба да одлучи Комисијата за заразни болести.

“Комисијата за заразни болести ќе донесе одлука врз основа на целокупната епидемиолошка ситуација, на параметрите, врз основа на предвидувањата и информациите коишто ние ги имаме во однос на другите соеви кои што се потенцијален ризик за нашата држава, како на пример индискиот сој и други. Ние треба да бидеме многу внимателни за да го зачуваме здравјето,” – нагласи Хасани.