КОВАЧЕВСКИ СО ЧЕСТИТКА ЗА ПОБЕДАТА НА МИЦКОСКИ И ВМРО-ДПМНЕ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА И ПОВИКА НА ВНАТРЕПАРТИСКИ ИЗБОРИ

0
124

Ја честитам победата на ВМРО-ДПМНЕ и на Христијан Мицкоски, а исто ја честитам и победата на Гордана Силјановска-Давкова за претседател на државата, истакна лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

„Денешниот резултат е разочарувачки. Во наредните месеци ќе ги анализираме резултатите. И јас и партиското раководство имаме одговорност, како и сите функционери на централно и локално ниво. СДСМ треба да погледне и да види кои се слабостите, уште поважно е тоа што треба да направи зa да ја поврати довербата кај граѓаните. Затоа повикувам на внатрешни избори во партијата, како на претседателот, така и на сите партиски тела.  Ни треба длабока кадровска промена.

„Актуелниот систем во кој живееме води повеќе смета за пиарот, отколку за суштината. Корупцијата на секое ниво, личните интереси, непотизмот, клиенталлизмот се само дел од sistemot што ја води државата во погрешна насока. Ние во овие две години се грижевме за сите, доведовме до највисоки плати досега. Постигнавме многу, а за дел од работите времето ќе потврди дека сме биле во право“, истакна Ковачевски.