ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈСП ЗАРАБОТИЈА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОД ГРАДОТ

0
785

Автобусите на ЈСП останааа паркирани во двете бази на претпријатието во Ѓорче Петров и Автокоманда.

Вработените уште од 04:30 часот утринава се собрани во кругот и јавното претпријатие барајќи исплата на септемвриската плата.

Но наместо плата вработените во ЈСП „Скопје“ заработија кривична пријава од Градот.

Од Јавното претпријатие велат дека дваесетина луѓе од ССМ и т.н. независен синдикат на ЈСП ги спречуваат возачите на автобуси редовно да си ги вршат своите работни задачи, спротивно на член 35 од Законот за Јавните претпријатија со кои се уредува начинот на штрајк.

„Поради ова, Град Скопје ќе ги почитува законските мерки и ќе поднесе соодветни кривични пријави против лицата кои го попречуваат редовното функционирање на јавното претпријатие и го држат во заложништво Скопје и скопјани.