КОВАЧЕВСКИ : СДСМ И ВЛАДАТА СМЕ НА СТРАНАТА НА ОБЕДИНУВАЊЕТО, НА СТРАНА НА МАКЕДОНСКИОТ ВЕКОВЕН ИДЕНТИТЕТ

0
613
Изминатата година, од опозиционите политички партии се изнаслушавме за катастрофи, апокалипси, пропасти, и ништо од тоа не се случи, немаше асимилација, немаше бугаризација, посочи претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во своето обраќање на Комисијата за уставни прашања во Собранието.
„Јас, СДСМ, Владата сме на страната на обединувањето, прогресот, на вистинскиот браник на македонскиот вековен индентитет и засебност. Затоа повикувам, да не се мисли само на лични кариери и позиции. Да не се плаши народот со измислени сценарија. Да не се сонуваат некои минати времиња и да се предизвикуваат нови несреќи како претходно.Туку заради државата, разумно, одговорно и совесно да се делува. Тоа може да се направи, ако се сака.

Одлуката е Ваша и само Ваша. Бидете уверени дека сите одлуки ги носиме во Ваш најдобар интерес. Сакаме зад нив да застанат сите, да имаме како и другите развиени држави, силна и заедничка внатрешна кохезија, енергија и посветеност за добар живот сега, уште подобар утре. И тоа дома, не во туѓина“ порача Ковачевски.

Ковачевски на пратениците им посака мирна, конструктивна и успешна дебата, во име и во интерес на сите граѓани.