(ВИДЕО) ТАТКОТО НА НОВАК ЃОКОВИЌ ДЕНЕС СЕ ПРЕТЕРА СО ЈАДЕЊЕ НА ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ ПА ОТКАКО ЈЕ МАЛО СКРЕНУО СА ПУТА СО ПОЛИТИЧКИ ГОВОР ГО СПОРЕДИ СИН МУ НОВАК ЃОКОВИЌ СО ИСУС ОТКАКО ВЛАСТИТЕ НА АВСТРАЛИЈА ЗАБРАНИЈА ДА УЧЕСТУВА НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН ПОРАДИ НЕМАЊЕ ВАКЦИНАЛЕН КОВИД 19 СЕРТИФИКАТ

0
923

Таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан, денеска пред српското собрание обраќајќи им се на неколкуте стотини демонстранти кои протестираа против одбивањето на австралиските власти да му издадат виза со која ќе може да учествува на тамошниот тениски турнир одржа несекојдневен говор, полн со политички коментари па дури и со споредби на неговиот син со Исус Христос.

Во придружба на помалиот брат на Новак и на својата сопруга, Срѓан Ѓоковиќ упати грст навреди кон властите во Австралија обвинувајќи ги дека сето тоа што му го прават на неговиот син е политичка игра и политичко угнетување.

„Луѓето кои живеат таму, има и многу наши од Балканот, тие не се виновни. Ним не смееме да им судиме. Ама тој премиерот, како ли се вика, Скот Морисон. Неговото име на нашиот јазик добро го опишува. Тој е скот. Сето ова е политичка игра, а Новак, нашето сонце, се бори за сите нас. Ние Србите сме слободољубив народ. Дел сме од слободарските народ во светот. Чукна часот кога треба да престанеме да бидеме угнетувани. Не можеме веќе да бидеме нечии заложници. Тие сакаат да го турнат Ноле на колена. Е, нема да може. Ниту него, ниту Србија никогаш не успее да ја фрлат на колена. Сами сме се бранеле. И Новак сега се брани. Нашиот Новак, нашето срце и душа. Тие до понеделник ќе го држат во најдобриот спортист на светот во затвор. Целиот Балкан, Блискиот Исток, Далечниот Исток, нашата мајка Србија, нашата мајка Русија, Кина, Индија, цела Африка. Сите се зад Ноле. И секој ден ќе не има се повеќе“, истакна Ѓоковиќ во обраќањето пред присутните.