КОВАЧЕВСКИ : РЕАЛИЗИРАНИ СЕ 90% ОД КАПИТАЛНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ВО 2022 ГОДИНА

0
455

Во таа насока е и денешната прес-конференција, на која ќе ја презентирам реализацијата на капиталните инвестиции во текот на изминатата година, кои се на највисоко ниво во однос на претходните години.

Фактите покажуваат дека и покрај тоа што минатата година беше критична од повеќе аспекти, што оставаше простор за сомнеж дека нема да се успее, сепак во 2022 година имаме реализација на капиталните проекти од речиси 90 проценти од планираното, што е највисок остварен процент во споредба со претходните 10 години.

Сето ова го направивме со цел да го подобриме квалитетот на животот на граѓаните и нивниот стандард.

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес конференција.