Георгиевски : Ниската зона во Раштак добива примарна и секундарна водоводна мрежа во должина од 1.1км. Жителите од овој дел од Раштак конечно ќе добијат вода, проект вреден 5 милиони денари!

0
1115

Ниската зона во Раштак добива примарна и секундарна водоводна мрежа во должина од 1.1км. Жителите од овој дел од Раштак конечно ќе добијат вода. Денеска го потпишавме договорот со компанијата која ќе го реализира овој проект а ќе се вложат 5 милиони денари, средства од Светска банка.

Со ова, се решава долгогодишен проблем на жителите на Раштак кои со децении чекаа подобри времиња за да добијат основни услови за живот. Јас им ветив на жителите на Раштак дека ќе им овозможам питка вода до нивните домови и го исполнив тоа. Проектот се очекува да биде завршен до напролет.

Паралелно со ова, до секое домаќинство во ниската и високата зона на Раштак, ќе поставуваме шахти со водомери, на сметка на општината.