КОВАЧЕВСКИ : ОНА ШТО ГО ВЕТИВ ПРЕД ГРАЃАНИТЕ ВО ЕКСПОЗЕТО ПРИ ИЗБОРОТ ДОСЕГА Е РЕАЛИЗИРАНО ЦЕЛОСНО

0
483
Ако се навратиме на моето експозе при изборот на оваа Влада, се она што во изминатите месеци е реализирано. Граѓаните тоа го препознаа и затоа резултатот на вонредните локални избори е таков, победи европскиот концепт на владејачката коалиција, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, во интервју за Сител телевизија.
„Ако се навратиме на моето експозе на 16 јануари оваа година, тоа експозе содржи зголемување на минималната плата, содржи зголемување на пензиите, содржи отпочнување на преговори со ЕУ, содржи  справување со енергетската и топлинската криза во градот Скопје и се’ тоа беше направено за период од 7 месеци. Тоа го препознаа граѓаните и затоа е таков изборниот резултат во овие општини“ рече премиерот Димитар Ковачевски.
Претседателот Ковачевски посочи дека пред граѓаните и државата се сериозни предизвици, дека Владата е подготвена да одговори во пресрет на најтешката зима после Втората светска војна.
„Сериозни луѓе, во сериозни времиња треба да бидат конзистентни. Конзистентноста значи дека ако јас сум кажал во јануари дека избори треба да бидат редовни во 2024 година, тоа се базирало на одредени факти. Пред нас претстои најтешката зима после Втората светска војна, јас тоа го зборувам од мај дека ќе биде најтешката зима во поглед на енергетската криза и во поглед на ценовната инфлација. Сега почнаа сите да го зборуваат тоа, меѓутоа сега сите тоа го потврдуваат.
Сите држави веќе носат мерки за штедење на електрична енергија, за штедење на други енергенси, тоа ние го направивме преку јавно објавени мерки кои што беа насочени и кон јавните институции и кон јавните компании и кон граѓаните. Она што државата го прави, ние со ребалансот веќе обезбедивме 76 милиони евра за антикризни мерки којшто пакет се подготвува за четвртиот квартал во МФ и другите ресорни министерства, веќе се обезбедуваат средства за одржување на ликвидноста во електроенергетскиот сектор. Веќе работиме на конкретни активности за реализација на она што веќе беше поставено како  план.“ рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски во интервју за Сител телевизија.