КОВАЧЕВСКИ ОД СВЕТИ НИКОЛЕ : ЗА НАШИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ, РЕКОРДНИ 1,35 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА

0
33
Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Свети Николе, се осврна на програмата и плановите во делот на земјоделството.
За нашите земјоделци, планираме рекордна финансиска поддршка од цели 1,35 милијарди евра, нагласи Ковачевски.
Ковачевски истакна дека поддршката за земјоделството предвидува и грантови за мали производствени капацитети од 15.000 евра, за млади земјоделци од 10 и 20.0000 евра и грантови за жени земјоделки од 10.000 евра.
Само со ЕУ можеме да ги подобриме состојбите во сите сегменти на општеството. Нема откажување од иднината, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од Свети Николе.