КОВАЧЕВСКИ : ОД ОВДЕ ПОЧНУВА ПОБЕДАТА, ПОБЕДА НА НАДЕЖТА, ПОБЕДА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА

0
154
Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, на денешниот 28 Конгрес на СДСМ, во своето обраќање  им порача на делегатите и присутните дека подебата на СДСМ на претстојнте избори, почнува токму од овој Конгрес.
-Од овде почнува победата! Победа на СДСМ на претстојните парламентарни и претседателски избори! Победа на надежта и борбата за подобра, европска иднина. – рече Ковачевски
-СДСМ ќе ја добие довербата на граѓаните да ја формира новата проевропска влада на Македонија! Стево Пендаровски ќе биде реизбран за претседател на државата! – рече Ковачевски
Зборувајќи за посветеноста на СДСМ на европскиот пат, претседателот Ковачевски рече дека зааедно со грашаните СДСМ ќе го оствари сонот на многу генерации – Македонија рамноправна членка на Европската Унија, слободна просперитетна држава со силна економија, со квалитетно здравство и образование, со независно судство, земја која е пристојно место за живеење за сите.
-Ние во СДСМ имаме јасна визија за иднината. Затоа јасно и гласно кажуваме одиме напред кон Европа! Нема откажување од иднината! – посочи претседателот Ковачевски на денешното обраќање на 28 Конгрес на СДСМ.