КОВАЧЕВСКИ : НЕМА ОТКАЖУВАЊЕ – НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ НИКОЈ ДА СИ ИГРА СО ИДИНАТА НА НАШИТЕ ДЕЦА

0
32
„Никогаш не се откажавме и нема да се откажеме од нашата визија за европска Македонија со европски животен стандард и европски вредности, да не дозволиме државата да застане, да се врати назад во темното режимско минато, во времето на внатрешни конфликти и поделби“,порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски пред присутните граѓани на вечерашниот митинг на Коалицијата за европска иднина во Крушево.
„Нашиот план за иднината е амбициозен но остварлив.Основната цел на нашата програма е брзи и успешни преговори со ЕУ затоа што знаеме дека само на тој начин може да обезбедиме повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство и подобро владеење на правото. Ветуваме повисоки плати и пензии, многу поволности за нашите млади кои ќе имаат поддршка и во своите средношколските и во факултетските денови со низа мерки и пакети од финансиска помош“, рече Ковачевски.
 Тој презентираше дел од изборната програма на Коалицијата за европска иднина која предвидува повисоки плати и пензии, како и многу поволности за младите, кои ќе имаат поддршка и во своите средношколски и во факултетските денови со низа мерки и пакети.
„Во духот на социјал-демократијата, предвидуваме граѓаните да станат акционери во државните енергетски компании. И конечно, ќе се избориме против злоупотребите, неправдите, системската корупција. Тоа е нешто што мора да го направиме на патот кон ЕУ и ние цврсто се обврзуваме дека така ќе биде“, истакна Ковачевски.
Лидерот на СДСМ ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање на 8-ми мај и да го поддржат претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски и пратеничките листи на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.