КОВАЧЕВСКИ НА ЦО : ВМРО-ДПМНЕ ТРЕБА ДА ОДЛУЧИ ДАЛИ ЌЕ СЕ ПРИКЛУЧИ КОН ПРОВЕРОПСКИОТ БЛОК ЦЕЛА, ИЛИ ВО ДЕЛОВИ

0
696

Во обраќање пред членовите на Централниот одбор на СДСМ, претседателот Ковачевски рече дека од национален, регионален и глобален контекст е значајно продолжувањето на европскиот пат на земјата и ги потенцираше ризиците за иднината на земјата доколку не продолжат евро-интеграциите.

-Нашите стратешки партнери САД препознаваат колку е важно во национален, регионален, но и во глобален контекст Северна Македонија да продолжи со евроинтеграциите кои се веќе започнати. На средбите и Блинкен и Ескобар недвосмислено потврдија дека евроинтеграциите на земјава се неповратен процес. Токму затоа и изразија загриженост врзана со блокадата на опозицијата. Доколку ние не продолжиме по европскиот пат, доколку не ги направиме следните чекори, евроинтеграцијата ќе запре и ние повторно ќе се најдеме во состојба на стагнација како онаа што ја имавме цели 10 години до 2016. Тоа е многу опасно за нашата земја, за нејзината иднина, рече Ковачевски

Воопшто не беше лесен патот до тука изминативе години, но ова е прв пат блокадата да не доаѓа од надвор, туку да доаѓа од внатре, од дома, од опозицијата која дефакто е против сите процеси кои ја носат државата напред, додаде Ковачевски.

Ова е најдобриот договор што ние можеме да го добиеме, и тука не треба да има дилема.

-Можеби ВМРО ДПМНЕ ќе соберат капацитет за да можат да го согледаат сето ова како целина. Иако, до денес како дел од анти европскиот блок предводен од проруската Левица и со константно блокирање, јасно е како е позиционирана оваа партија. Но од друга страна, јасно е дека во ВМРО-ДПМНЕ има поединци, пратеници, претставници на раководството кои не мислат како Мицкоски и кои искрено, од срце сакаат земјава да го продолжи патот кон ЕУ. Сакаат да бидат дел од проевропскиот блок.

И тие поединци мислам дека многу брзо ќе го остават Мицковски на последната станица и ќе продолжат на возот кон Европа. СДСМ е предводник на овој европски концепт за европска иднина. И тоа така ќе биде. Или ВМРО ДПМНЕ ќе се приклучи кон проевропскиот блок цела, или во делови. Во секој случај, возот е тргнат и враќање назад нема.  Сум го кажал ова, и ќе го кажам пак, Северна Македонија ќе оди напред и ние ќе ја исполниме нашата стратешка цел – полноправно членство во ЕУ, рече претседателот Ковачевски.