КОВАЧЕВСКИ : ИЗБОРОТ Е МЕЃУ НАДЕЖ И БЕЗНАДЕЖЕН, ПРОГРЕС ИЛИ ВРАЌАЊЕ НАЗАД ВО МИНАТОТО

0
63
„Изборот е помеѓу два суштински различни концепти. Надеж за европска иднина со СДСМ и Коалицијата за европска иднина, со Стево Пендаровски или безнадежност и враќање назад во минатото со ВМРО –  ДПМНЕ и нивниот кандидат Гордана Силјановска Давкова“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на денешниот граѓански собир во Центар на кандидатот за Претседател, Стево Пендаровски.
„Уверен сум, знам дека граѓаните ќе ја донесат вистинската одлука. Затоа што граѓаните сакаат и заслужуваат европски животен стандард во европска држава, но тука дома, во сопствената татковина – Македонија. Народот не сака враќање назад во мрачното минато, народот не сака нова неизвесност, нови загубени 11 години стоење во место“, истакна Ковачевски
Знаеме дека патот до Европската унија е тежок. И знаеме дека ЕУ не беше секогаш праведна кон нас. Но тоа е единствената реална шанса за суштински и темелни промени во македонското општество“, посочи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на денешниот граѓански собир во Центар на кандидатот за Претседател, Стево Пендаровски.