КИЧЕВСКИ НА КАНАЛ 5 : МАКЕДОНИЈА ЌЕ СТАНЕ ЧЛЕНКА НА ЕУ ДО 2030 ГОДИНА

0
673

Кичевски: Македонија ќе стане членка на ЕУ до 2030 година

Претседателот на Градската организација на СДСМ Васко Кичевски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија истакна дека сега доаѓа периодот кога треба да се случи она што се преземните обврски од европскиот предлог, што го потпишавме минатата година.

За наша среќа во моментотв е јасно што ќе бидидат амандманите и падаа во вода сите небулози дека со уставните измени ќе дојдеме до некаква бинационална држава, станува збор за уставни измени со кои во преамбулата ќе се додадат дел од народи и тоа бугарскиот, хрватскиот, црногорскиот, словенечкиот, како и евреите и египјаните, рече Кичевски.

Кичевски изрази уверување дека во периодот што следи ќе се донесат државнички одлуки за да се продолжи европскиот пат.

Со промена на уставот продолжуваме по европскиот пат, кој е зацртан пред оваа држава. Ние имаме две стратешки цели, членство во НАТО и во ЕУ, првата стратешката цел ја исполнивме, членството во ЕУ треба да го оствариме тоа е важно за иднината за граѓаните и државата. Патот на Македонија во Европа е единствениот пат што можеме да го имаме заради тоа што држава од 1,5 милиони не може да остане надовр од процесите кои што се во целата ЕУ, нагласи Кичевски, додавајќи дека Македонија ќе стане членка на ЕУ до 2030 година.

Тој истакна дека во спротивно државата ќе остане настрана, изолирана од ЕУ и тогаш економскиот просперитет и стандардот на граѓаните ќе се наруши и ќе се влошува.

Еднаш го гледавме ова сценарио во 2008 година на самитот во Букурешт, кога беше она „не“ на Никола Груевски за Република Македонија – Скопје, со тоа се покажува процесот, кој ни следува ако ние кажеме „не“ и чекаме уште икс години надвор од евроинтеграциите, порача претседателот на градската организација на СДСМ Васко Кичевски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.