КИНЕЗИТЕ ЈА ОСВОЈУВААТ РУСИЈА – НАМЕСТО SAMSUNG И APPLE СЕ БАРААТ XIAOMI И REALME

0
536

Кинеските паметни телефони доминирале со рускиот пазар во првата половина од годинава и надминале 70% од вкупната продажба во земјата, изјави водечкиот трговец за потрошувачка електроника M.Video-Eldorado. За споредба, во истиот период лани тој процент бил околу 55%.

Откако јужнокорејски Samsung и американски Apple ја намалија продажбата во Русија поради војната во Окраина, најпопуларни телефони на рускиот пазар се кинеските Xiaomi Realme.

Вкупната побарувачка за паметни телефони пораснала за 17% во однос на првата половина од минатата година со речиси 13 милиони продадени уреди. Русија сега во Кина набавува многу производи – од електроника до автомобили, затоа што најголем дел од западните марки се повлекоа од земјата.

Кинеските брендови и понатамо системски го зајакнуваат присуството, објави вчера M.Video-Eldorado, а посебно барани се водечките модели и телефоните на преклоп на кинеските брендови.

Во првите шест месеци од годинава кинеските брендови сочинувале 80% од најпродаваните паметни телефони во Русија, објави водечкиот трговец за потрошувачка електроника.

Кремљ на сите луѓе што се на високи позиции во власта им рече да престанат да користат iPhone затоа што, како што тврдат, западите резузнавачки агенции поставиле софтвер за надзор во телефоните, а Apple ги демантираше тие тврдења.