КАТАРСКИОТ ШЕИК ЏАСИН БИН ХАМАД АЛ-ТАНИ ОД ГРУПАЦИЈАТА ,,КАТАРИ ГРУП” ОФИЦИЈАЛНО ИСПРАТИ ПОНУДА ЗА 100 ОТСТО ОД МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

0
720

Шеикот Џасим Бин Хамад Ал-Тани, претседателот на катарската банка QIB, потврди дека поднел понуд за купување на Манчестер јунајтед, откако претходно беше шпекулирано дека Катарците се први фаворити за славниот англиски клуб кој беше ставен на продажба од старана на американските газди, семејството Глејзер.

Глејзери го презедоа Манчестер јунајтед во 2005 година, но постојано беа во конфликт со навивачите, кои ги обвинуваа за недостаток на инвестиции на нивниот стадион и на составот, посочувајќи дека не им е грижа за спортскиот успех на клубот. Јунајтед нема освоено било каква титула од 2017 година, а последен пат беа англиски шампиони пред една деценија во 2013 во последната сезона на Сер Алекс Фергусон.

Денеска истекуваше последниот формален рок за понуди за клубот, до кој само англискиот милијардер Сер Џим Ретклиф имаше потврдено понуда, и покрај шпекулациит за интерес на компании од САД и Блискиот Исток.

„Шеикот Џасим Бин Хамад Ал-Тани потврдува дека поднел понуда за 100 отсто од фудбалскиот клуб Манчестер јунајтед. Со понудата се планира клубот да се врати на старата слава на теренот и надвор од него, и пред се да се работи покрај навивачите на клубот. Понудата е без никакви долгови преку фондацијата ’92’ на шеикот, која ќе инвестира во фудбалскиот клуб, тренинг-центарот, стадионот и дополнителната инфраструктура. Визијата е клубот да се врати на позицијата на најголем фудбалски клуб на светот“, се вели во соопштението.