Касами прв се охрабри: Mу даде „корпа“ на Ахмети кој ги покани албанските политички лидери на самит

0
778
Фото: Б. Грданоски

Претседателот на Движењето БЕСА, Билал Касами, нема да учествува на состанокот на лидерите на албанските партии што го свика лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дознава ИНА. Касами нема да биде на масата,  иако сè уште нема официјална одлука од партиските тела.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вчера ги покани на заедничка маса лидерите на албанските партии, Билал Касами, Зијадин Села, Африм Гаши и Мендух Тачи. Состанокот е предвиден да се одржи на годишнината од Охридскиот договор, во четврток, на 13 август со почеток во 12 часот, во хотелот „Парк“ во Скопје.