КАНДИДАТИТЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ ГЛАСАА ЗА ИЗБОРОТ НА НОВ ЛИДЕР – ФИЛИПЧЕ, ДЕСПОТОВСКИ И БАЈДЕВСКИ СО РАЗЛИЧНИ ОЦЕНКИ И ОЧЕКУВАЊА

0
144

„За спроведување на постапката одговорна е Централната изборна комисија која сите тие забелешки ги анализираше и не извести сите кандидати дека сите тие сомнежи се неосновани и дека целокупниот процес е легитимен,“рече Филипче.

Деспотовски, кој исто така претендира да биде прв човек на СДСМ, потенцираше дека има информации за голем број членови на партијата на кои што им било оневозможено да гласаат. СДСМ, како што рече, е политичка партија која што во ниту еден момент не смее да си дозволи своите членови да ги враќа од избирачките места.

„Со мојот тим изминатите неколку денови зборувавме на оваа тема, поднесовме и официјално барање да им се овозможи на сите оние членови на партијата кои ќе се појават на избирачките места, да можат да си го реализираат своето уставно загарантирано право. Сите овие случаи се евидентираат секаде, имаме контрола на секое избирачко место низ државата во сите општински организации. Без разлика на исходот од гласањето, ќе мора во наредните неколку денови да се посветиме како политичка партија сите овие случаи да ги расчистиме,“посочи Деспотовски.И Бајдевски во својство на кандидат за претседател го искористи гласачкото право и порача дека ќе поднесе претставки поради злоупотреба на податоците.

„Јас реагирав на изјавата на другарката Славјанка Петровска, сметам дека има таму сериозни обвинувања, јас и јавно го повикав и генералниот секретар и изборната комисија да се изјаснат, досега тоа не беше случај. Се надевам дека во наредниот период нема да застане тука работата. Ние имаме органи на партијата, треба да се поднесат соодветни претставки и јас тоа ќе го сторам особено во однос на базата и злоупотребата на податоците на нашите членови“,рече Бајдевски.Гласањето се спроведува во 77 избирачки места низ државата, а на списокот се акредитирани 23 373 членови на СДСМ.

Актуелната пратеничка и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска вчера соопшти дека ја повлекла кандидатурата, а во во писмото до Централната изборна комисија за претседателските избори во партијата, наведува дека сака да го заштити СДСМ од нелегитимен избор на претседател како и да избегне да биде соучесник во погазување на статутот. Таа претходно побара и откажување на изборот за претседател, закажан за 30 јуни.