КАЕВСКИ : МИЦКОСКИ Е ОПКРУЖЕН СО КРИМИНАЛЦИ И ВОДИ КРИМИНАЛНА ПАРТИЈА, ДА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

0
676

Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Почитувани,
 
Случајот со спомениците од Скопје 2014 е последен во низата судски предмети кои покажуваат дека ДПМНЕ не е ништо друго освен криминална партија.
Никола Груевски, Зоран Ставрески, Елизабета Канческа – Милеска, Виолета Аларова, Владимир Тодоровиќ се само дел од лицата обвинети во последниот судски предмет „Феникс“.
Овие лица преку мега криминалниот проект Скопје 2014 се товарат дека проневериле околу 16 милиони евра народни пари за поставување на споменици на историски личности.
Ете го патриотизмот на ДПМНЕ на дело, незаконски се богателе преку спомениците на Гоце Делчев, на Александар Македонски, на Гемиџиите и Цар Самоил.
Случајот со спомениците од проектот Скопје 2014 е само последниот од низата предмети што се покренати против ДПМНЕ, единствената партија во Европа што има конфискуван имот за кој со судска пресуда е докажано дека е нелегално стекнат.
И додека ДПМНЕ ги прозива независните судски институции јавноста се уште очекува епилог од предметот Делчевски ниви каде се вмешани блиски соработници на Мицкоски.
Во пратеничките редови на ДПМНЕ се уште се и обвинетите лица Игор Јанушев и Антонио Милошоски, за чии предмети исто така се очекува епилог.
Опкружен со криминални ликови и осудени лица, седејќи во криминално стекнат имот, Христијан Мицкоски ако барем има и малку доблест, тогаш ќе поднесе оставка од челната позиција во ДПМНЕ.
Доколку не го стори тоа, Мицкоски уште еднаш ќе покаже дека е посветен на одбрана на криминалот и криминалците во своите редови.