Денеска во општина Прилеп има 8 новозаболени лица од коронвирус

0
940

Во Инфективното одделение на Општата болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 17 лица позитивни на КОВИД-19 и сите се со стабилна клиничка слика. Во делот за изолација се наоѓаат 4 пациенти, двајца од нив се негативни на коронавирус, а на другите двајца земен им е брис и се чекаат резултати.

Во самоизолација се наоѓаат 284 лица. Во изминатото деноноќие, евидентирано е едно нарушување на полицискиот час.

*Напомена: Следната информација поврзана со состојбата со коронавирус во општина Прилеп ќе ја добиете во понеделник, 27 април.

Потсетуваме дека денеска, веднаш после почетокот на забраната за движење на граѓаните, во 15.00 часот, ќе започне акција за дезинфекција на сите улици и јавни површини во градот. Акцијата ќе биде реализирана со волонтери од Прилеп и населените места, кои со триесетина трактори опремени со прскалки ќе ги дезинфицираат улиците во сите населби во градот, вклучително и тесните улици во кои цистерните на јавните комунални претпријатија немаат пристап.

За таа цел, се замолуваат граѓаните да ги отстранат своите возила од јавните површини и да ги паркираат на соодветни места, заради непречено движење на возилата за дезинфекција по градските улици и поголема ефикасност во нивната дезинфекција.

Акцијата продолжува и утре, недела 26 април во 10.00 часот, кога триесетина волонтери на Општина Прилеп ќе ги дезинфицираат влезовите и јавните површини пред сите згради во градот.