КАЕВСКИ : ВМРО-ДПМНЕ ГИ ИЗЛАЖА ГРАЃАНИТЕ И ГЛАСАЧИТЕ

0
172
Непринципиелност, лицемерие и нечесност кон граѓаните, е она што деновиве го гледаме од ВМРО-ДПМНЕ, по изборот за претседател на Собранието. Едно говореа пред изборите, а друго направија, кога дојдоа на власт, рече Дарко Каевски, портпарол на СДСМ, на гостувањето во емисијата „Дејли клик“, на ТВ 21.
-Неискреноста на ДПМНЕ, се виде уште на почетокот. Лидерот на ДПМНЕ, Христијан Мицковски беше тој што велеше дека ако одредена политичка партија стекне огромен број на пратеници и има сериозна поддршка од граѓаните, треба да ги има највисоките позиции, како што е претседател на Собрание. Тие кои го оспоруваа тогашниот претседател на Собранието, Талат Џафери.

Сега после изборите имаат сосема спротивно делување, со изборот на Африм Гаши. Ние немаме проблем со тоа, затоа што платформата за која се залагаше СДСМ во цело владеење беше едно општество за сите. Но ДПМНЕ да зборува едно, а ден после изборите да делува на друг начин е неискрено кон граѓаните и кон гласачите, рече Каевски.

Тој потенцираше дека, ДПМНЕ беше политичка партија која цело време коментираше за говорите на кој било политичар кој зборуваше на албански јазик, па дури и сегашната претседателка, често велеше дека претседател на собрание не треба да зборува на албански, ама сега гледаме молк од нивна страна.   Кога го избриваме Талат Џафери, тој прво се обрати на македонски јазик, па на албански, во согласност со законот.

Каевски се осврна и на случувањата од 27. април, и начинот на којшто сега беше изборот на претседател на Собранието. Сега немаше надвор насилници организирани за да упаднат внатре во собранието, како кога ВМРО-ДПМНЕ го организираше крвавиот чин.

-Тоа е суштинската разлика, меѓу СДСМ кога оди опозиција и кога ВМРО-ДПМНЕ оди во опозиција. 27 април беше еден од најтрагичните денови кој ќе остане запишан и кога за малку ќе беа убиени пратеници, за разлика, од сега кога се правеше транзиција на власта без инциденти и насилници. Особено сум горд што СДСМ ја варти демократијата за разлика од ДПМНЕ кое ја имаше зарбоено државата, рече Каевски.