ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР Е ГЛОБАЛНА ПОРАКА ЗА ДИЈАЛОГ И МИР, ЗАЕВ: ООН ЈА ПОДДРЖУВА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СИТЕ ФАЗИ ОД НАШЕТО МЕЃУНАРОДНО ЕТАБЛИРАЊЕ КАКО ДРЖАВА

0
761

“Договорот од Преспа е глобална порака за дијалог и мир. Северна Македонија е посветена кон ефективен мултилатерализам и зајакнување на улогата на Обединетите Нации во решавањето на повеќеслојните глобални предизвици.

Обединетите Нации секогаш беа со нас и ја поддржуваат Република Северна Македонија во сите фази на нејзиниот развој и во процесот на меѓународното признавање и етаблирање на државата во меѓународни рамки и за тоа сме многу благодарни.
На денешната средба со помошникот генерален секретар на Обединетите Нации (ООН) за политички прашања, Мирослав Јенча, оценивме дека Договорот од Преспа е глобална порака за мир и дека Обединетите Нации и генералниот секретар Гутереш, постојано го потенцираат како еден од ретките позитивни примери на денешницата.”
– ФБ СТАТУС НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ