И академик Камбовски му одржа лекција на Иванов: Европската конвенција е посилна од твојата аболиција

0
1360

Академик Владо Камбовски го повикува претседателот Иванов да ја прочита Европската конвенција за човекови права и слободи и да престане да тврди дека нема начин да ги поништи решенијата за аболиција за тие што го бараат тоа од него.

“Го повикувам претседателот Ѓорге Иванов, кој тврди дека немало правно решение за поништување на аболицијата на политичарите и високите владини функционери, да се повика на член 6 од Европската конвенција за човекови права и слободи, веднаш да ги поништи решенијата и да донесе нови. Го повикувам да престане да тврди дека нема начин како да го изведе тоа, бидејќи како професор правник, добро знае дека Европската конвенција има повисока правна моќ од домашното законодавство“,  му се обрати академик Владо Камбовски преку САКАМДАКАЖАМ.МК на Ѓорге Иванов, со упатство и водич како да го направи чекорот.

„Не постои систем втемелен на почитувањето на човековите слободи и права, кој го нема регулирано судирот, несогласувањето на граѓанинот со владата, претседателот, судот, кога се работи за правата и слободите на граѓаните“, објаснува Камбовски, па оттаму и Македонија, како потписник на Европската конвенција за човекови права го има в раце овој механизам.

„Во еден разумен рок од неколку дена, Иванов може да се повика на членот 6 од Конвенцијата, кој му гарантира право на граѓанинот на правично судење. Тој член вели дека секој граѓанин во случај на спор има право на правично судење пред независен и непристрасен суд. Откако ќе се повика на овој член, Иванов треба да ги поништи сите решенија за осомничените и обвинетите функционери и нивни помошници, кои се изјаснија дека не сакаат да бидат помилувани. Веднаш за овие лица треба да донесе нови решенија и тие да гласат: Да се врати постапката во онаа фаза каде што е запрена со аболицијата. Тие што не се противат на аболицијата, нека си останат аболирани. Ова е решението“, го поучува Камбовски претседателот Иванов.

Повеќе прочитајте на САКАМДАКАЖАМ.МК