ИСТОРИСКАТА КОМИСИЈА ЌЕ ИМА УШТЕ ТРИ СОСТАНОКА, НЕИЗВЕСНО Е ДАЛИ ЌЕ СЕ СМЕНАТ УЧЕБНИЦИТЕ ПО ИСТОРИЈА ДО СЕПТЕМВРИ

0
426

Со двата состанока што досега се одржаа во февруари и во март оваа 2023 година ќе бидат одржани вкупно пет средби на историчарите. Тоа е речиси двојно помаку од она што е препорачано со вториот Билатерален протокол усвоен лани во јуни на вториот состанок на заедничката македонско-бугарската владина комисија, чие усвојување беше услов Софија да го крене ветото за почеток на македонските преговори за членство во ЕУ.

„ЗАЕДНИЧКАТА МУЛТИДИСЦИПЛИНАРНА ЕКСПЕРТСКА КОМИСИЈА ЗА ИСТОРИСКИ И ОБРАЗОВНИ ПРАШАЊА ЌЕ РАЗРАБОТИ И РЕАЛИЗИРА ПЛАН ЗА РАБОТА КОЈ ПРЕДВИДУВА ОДРЖУВАЊЕ НА 8 ДО 10 СОСТАНОЦИ НА ГОДИШНО НИВО“, Е ДОГОВОРЕНО ВО ПРОТОКОЛОТ.И лани, и покрај намерата за поголема динамика на средбите, имаше вкупно шест состаноци.За она што ќе го договорат историчарите превземена обврска е во рок од две години да се најде во учебниците, а истите резултати треба да „се рефлектираат врз содржините на натписи на споменици, знаци, информациски материјали во музеи и други објекти со образовно и културно значење, како и релевантните информации во електронски информативни медиуми во јавна сопственост“.