На дневен ред на преговарачките средби е и специјално судско одделение за предметите од СЈО

0
1258

Поради бројните опструкции врз СЈО, на билатералните преговарачки средби во изминативе денови се реафирмирала потребата од формирање посебно судско одделение кое ќе постапува по неговите предмети, пишува Дојче веле.

„Таа тема се очекува да биде ставена на дневен ред, откако ќе се направат главните чекори кои треба да овозможат враќање на дијалогот и заедничка средба на лидерската четворка. Тоа значи дека во наредните денови треба да се закаже седница на Собранието, на која ќе се изгласа поништување на одлуката за избори на 5-ти јуни, а на која дел од партиите очекуваат да биде поништена и претседателската одлука за аболиција.

Иако тоа од Иванов го побара и ВМРО-ДПМНЕ со официјално писмо, според преговарачки извори, оваа партија неукинувањето на аболицијата го третира како врвен услов за какви било други отстапки, односно, бара и други начини и гаранции како нејзини членови и функционери да бидат амнестирани од кривична одговорност. За ваквото барање ДПМНЕ наводно имала затсценска поддршка од ДУИ, со што двете партии рефлектираат двојни стандарди по прашањето за владеењето на правото“, пишува Дојче веле.