ИРЛ : НА ИСТАТА АДРЕСА НА ФИРМАТА ЗА НЕДВИЖНОСТИ НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ФОРМИРАЛЕ ФИРМА И БРАТОТ НА ЗАЕВ И НЕГОВИОТ БРАТУЧЕД ТРАЈЧЕ ЗАЕВ

0
226

На истата адреса во Петрич, компании основале братот на поранешниот премиер Зоран Заев, Вице Заев, првиот братучед Трајче Заев и најблискиот пријател, Венко Филипче.

На 1 јуни 2017 година Вице Заев ја формира фирмата Гомасидра (Gomasidra Ltd), наменета за меѓународен транспорт, шпедиција, рент-а-кар, како и продажба и издавање на недвижен имот. Вице Заев е единствен сопственик, а до мај 2021 година управител заедно со него бил и Трајче Заев – неговиот прв братучед и деловен партнер.

Вице Заев заедно со неговата сопруга Славица Заева има уште една фирма на истата адреса во Петрич регистрирана во јуни 2018 година Ориент груп (Orient Group LTD). Дејноста на оваа компанија е продажба и издавање под наем на недвижен имот. Во Ориент груп управител е братучедот Трајче Заев.

Првиот братучед Трајче Заев во бугарскиот регистар како сопственик фигурира во две фирми. Двете фирми ги формира во рок од два дена во мај 2019 година. На 13 мај заедно со Бобан Заев и Васко Динев ја регистрира фирмата Фарм ЕУ Бг (Pharma EU BG), а следниот ден истите содружници ја формираат фирмата Медикал 420 БГ (Medical 420 BG LTD).

Фирма со истиот назив и ист сопственик, Медикал 420, работеше и во Македонија во дејноста производство на канабис за медицински цели. Но, наместо успешен бизнис, оваа компанија стана озлогласена откако МВР во неколку наврати откри и заплени канабис наменет за нарко пазарот.

Повеќе за оваа сторија на ИРЛ