ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КАВАДАРЦИ, МИТКО ЈАНЧЕВ ДОБИВАЛ ШОКАНТНИ И БИЗАРНИ СМРТНИ ЗАКАНИ ПО СМС ПОРАКИ И ПО ПОВИЦИ ЗА ЛИКВИДАЦИЈА НА НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО ПОРАДИ НАЈАВАТА ЗА ВТОРА КАНДИДАТУРА ВО ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

0
821

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев – преку семејната Фондација Никола Јанчев – денес донираше кислородна станица за општата и регионална болница во Кавадарци во вредност од милион денари. Идејата на оваа донација не е времена, туку ќе биде од траен карактер и ќе биде наменета за сите заболени кои имаат потреба од кислород.

Од друга страна, мора и тоа да се каже, покрај хуманиот аспект и општествена одговорност на семејството Јанчеви за заедницата, за Кавадарци, Митко Јанчев заради својата градоначалничка позиција трпи неверојатни закани на локално и на национално ниво.

Имено, заканите кои ги добива Јанчев пред се’ се иманентно политички, а бидејќи политичкото секогаш е и лично, на закани е подложно и неговото семејство и членови на неговата потесна и поширока фамилија.

Заканите зачестија откако Митко Јанчев најави трка за втора кандидатура во Општина Кавадарци. Заканите кои ги добива, а јас знам само дел од нив, не се неверојатни, надреални и бизарни, туку се монструозни. Насилството во реторичките и текстуалните пораки е брутално, се повикува на смрт, убиства за него и неговото семејство. Таква патологија е незапаметена. Сум видел разни гадости, ама такви монструозни закани до сега не сум видел. Јас не знам дали се тоа луѓе или монструми. И ова го мислам баш буквално.

Митко Јанчев заслужува да добие доверба од Кавадарчани. Втора по ред. Заслужува да добие втор мандат затоа што Кавдарци го промени, ликот на градот го разубави и модернизира. Јас знам дека денес е тешко да си “пророк во својот роден град”, а знам затоа што нашите градови се преполни со расистички и малограѓански закани. Знам и тоа што значи да успееш, да се исправиш “над просекот”, а знам и тоа како тој просек сака да те спушти долу и уништи.

Митко Јанчев е одличен градоначалник, емпатичен и сочувствителен. Помага на сите, и една многу важна и политичка компонента: Јанчев го помири и пацифизира Кавадарци. А тоа во полииката е најважното. Кавадарци е град на сите. И верувам дека со Митко Јанчев Кавадарци таков град ќе остане – заедница од сите за сите.
Фејсбук статус на Ненад Јованович.