ИНЦИДЕНТ ВО ВЕСТИТЕ НА ТЕЛМА – ПАВЛЕ БЕЛОВСКИ ОД ТЕЛМА СПРЕЧЕН ДА ИЗВЕСТУВА ЗА СУДСКИОТ СОВЕТ КОЈ ПА НЕ САКАЛЕ ДА ГО ИНВОЛВИРААТ ВО ИНЦИДЕНТОТ?!

0
808

Судскиот совет не сака да го инволвираат во инцидентот со попречувањето на известувањето на денешната екипа на ТВ Телма од пред неговите простории, бидејќи како што велат, тоа се случило пред нивната влезна врата, а попречувањето го направило обезбедувањето од МВР.

„Во врска со денешниот инцидент со екипата на телевизија Телма, чие линковско вклучување во вестите беше прекинато од обезбедувањето на МВР, Судскиот совет има потреба да појасни неколку работи. Инцидентот се случил во внатрешниот дел на зградата, пред влезната врата на Судскиот совет, во време додека траеше седницата на која присуствуваа сите членови и дел од стручната служба. Сакаме да потенцираме дека обезбедувањето на објектот го врши МВР и Судскиот совет не сака непотребно да биде инволвиран во некаков инцидент и да се споменува во каков било контекст, со кој би се довела во прашање работата на медиумите или би се ограничила слободата на изразување“,велат од Судскиот совет нагласувајќи дека се залагаат за транспарентност и отчетност, како и за соработка со медиумите.