ИМАМЕ ДОКАЗИ ДЕКА ГУРИ Е ВМЕШАН ВО КРИМИНАЛ, НЕ Е УАПСЕН ПРАДИ ШТО Е ЧЛЕН НА „ОГНЕНАТА ГРУПА“, ТВРДИ СПАСОВСКИ

0
784

Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи / Фото: ,,Слободен печат” / Драган Митрески

По големата полициска истрагата против 15 физички и три правни лица, кои се сомничат за даночно затајување, злосторничко здружување и перење пари, а меѓу кои е и поранешниот заменик директор во УЈП и член на ДУИ, Исмет Гури, минстерот за внатрешни работи Оливер Спасовски тврди дека не станува збор за некаква политичка пресметка, туку за кривично дело со сериозни докази за злоупотреба на буџетски средства.

– Апсолутно ниту може да стане збор за каква било политичка пресметка заради тоа што единствено нешто од кое што се води МВР и ЈО е да се бориме против криминалот и корупцијата. И борбата против криминалот и корупцијата не може во ниту еден момент да се заснова на каква било припадност на било кого – дали е тоа верска, национална, политичка или која било друга заради тоа што криминалот не познава вакви граници, а ние сме тука за да ги обезбедиме пред се средствата на граѓаните, изјави Спасовски за телевизија „Сител“.

Засега нема потврда дали Гури е дел од „огнените“ или како гостин присутвувал на промоцијата на новото движење. На состанокот завчера на кој Меџити обелодени дека ќе формира ново движење меѓу присутните во салата беше и Исмет Гури. Тоа може да се види од фотографиите објавени на фејсбук профилот на Меџити.