(ВИДЕО) ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ГИ ИНТЕГРИРА УЧИЛИШТАТА ВО СКОПЈЕ: НЕМА ВЕЌЕ МОНО ЕТНИЧКИ УЧИЛИШТА!!!

0
1318

СОВЕТОТ СО ЕДНОГЛАСНА ОДЛУКА ЗА СТРАТЕГИЈАТА ЗА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

Стратегијата има за цел создавање „едно“ училиште за сите ученици, независно од нивната етничка припадност, како и поттикнување и развивање на граѓанската партиципативност на учениците од средните училишта на Град Скопје.

Цврсто сум убеден дека со реализацијата на оваа стратегија во наредните години ќе овозможиме младите луѓе во државата да бидат многу порелаксирани отколку што сме ние. Немаме право да им ја одземеме мирната иднина на нашите деца. Свесен сум дека патот е тежок, зашто се чепка во сензитивни работи, но, тоа е единствениот исправен пат.

Јас досега неколкупати се дружев со тие деца, во неколку средни училишта имаме таков тип на паралелки. Мене лично ми се допаѓа кога се сите деца заедно. Тогаш децата научуваат дека имаат исти идоли во спортот, исти идоли во музиката, дека на секое дете родителите, браќата и сестрите му се најмилото нешто, дека секоја религија е слична што речиси и не постојат разлики, начинот на празнувањата, приоритетите во семејствата се секаде исти и грижите на луѓето се секаде исти.

Запознавањето на децата едни со други ќе придонесе да ги избришеме стереотипите во нашите глави кои што свесно или несвесно ги имаме примено во минатото.