ЗИЈАДИН СЕЛА СМЕТА ДЕКА ТАРАВАРИ ТРЕБА ДА ОДГОВАРА ПРЕД ОРГАНИТЕ НА АЛИЈАНСА ОТИ ПОСТАПИЛ КУКАВИЧКИ

0
260

„Лидерот на партијата не е тело за донесување одлуки, има право да го предложи телото кое има право да одлучува, а тоа е претседателството на партијата кое во моментов има одлука и тоа е дека Алијанса за Албанците оди сама на изборите. Следното тело за донесување одлуки е Партиското собрание“, напиша Села.

Според него, иницијалниот настап на Таравари на Фејсбук е тешко кршење на Статутот на Партијата за кој претседателот на партијата мора да одговара пред партиските органи, а истовремено, додава тој, тој штети на идеолошките принципи на партијата.