ЗДРУЖЕНИЕТО НА СУДИИ ЈАВНО ДА СЕ ПРОИЗНЕСЕ ЗА НЕОДАМНЕШНИОТ ИЗБОР НА АПЕЛАЦИСКИ СУДИИ, БАРА СУДИЈКАТА РИСТОВА

0
268

„Имајќи ги предвид целите и задачите на Здружението на судии, и тоа унапредување и јакнење на независноста и самостојноста на судиите и судската власт во Република Северна Македонија, заштита на достоинството и угледот на судијата и судиската функција и јакнење на судиската етика, како член на Здружението и делегат избран од Основниот кривичен суд Скопје предлагам да излезете со ваша реакција по повод изборот на судии во Апелационен суд Скопје“се вели во барањето на Ристова.

Ристова, која беше треторангирана на конечната ранг-листа за избор на апелациски судии од кривичната област, не го доби потребното мнозинство од членовите на Судскиот совет и не беше избрана за судија во Апелација. На гласањето доби осум гласа „за“, но не го доби потребното Бадентерово мнозинство, каде што двајца гласаа „за“, а тројца членови на Советот беа „против“.

На ваквата одлука Ристова реагираше дека Судскиот совет не ја испочитувал ранг-листата и ги прескокнал повисоко рангираните кандидати без притоа соодветно да го образложи таквиот потег. Оцени дека изборот на судиите е скандалозен, а оти Судскиот совет мора да се распушти и реформира.

Дополнително, Ристова уште тогаш најави дека одлуката на Советот ќе ја обжали пред Врховниот суд по неколку основи, меѓу другото, и по основа на дискриминација по етничка припадност.Судскиот совет без образложение ги прескокна повисоко рангираните кандидати при изборот на судии во Апелација, реагира судијката Ристова

За постапката на избор на судии во скопска Апелација реагираа и од Коалицијата „Сите за правично судење“. Исто како и Ристова, и оттаму посочија дека Судскиот совет направил отстапувања од ранг-листата на кандидатите без соодветно образложение за секоја отстапка, односно засебно за секој кандидат.„Сите за правично судење“: При изборот на судиите во Апелација, Судскиот совет повторно отстапи од ранг-листата на кандидати без соодветно образложение