Заев за возилата што беа пуштени на Деве Баир: Се јавив кај полицајка со прекрасен глас, не веруваше дека премиерот е на линија

0
2578

Точно е дека ноќта се јавив кај една полициска службеничка со прекрасен глас, бидејќи на ГП Деве Баир веќе имаше неколку возила кои беа влезени на наша територија и немаа право да мрднат оти влегле по 22 часот. Ова го изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција, откако новинарите побараа од него да објасни дали се точни тврдењата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека тој лично ургирал кај граничарите за да бидат пропуштени неколку автомобили за време на полициски час.

– Ми се обрати граѓанин кој е од турска националност, а јас тој воопшто не го ни познавам. Тоа што го знаев е дека има дечиња во автомобилот и дека се заглавени на граничниот премин. Јас сум достапен за сите граѓани, па уште вечерта се консултирав и се распрашав дали имаме таква мерка. Културно се обратив до службеничката и таа уредно забележала дека премиерот се јавил. Јас немам прекршено ниту една одредба, туку само сакав да им помогнам на луѓето. Јас всушност не се јавив кај полицајците, туку кај нашиот сограѓанин кој побара помош од мене. Тој им соопшти на полицајците дека премиерот ги бара, а тие на почетокот не можеа да поверуваат. Мислам дека секој би го направил тоа, бидејќи се работеше за деца. Чесно постапив, а ако има нешто спорно, институциите слободно нека проверат – рече Заев.