За целиот скандал со резултатите на ДИК стои ВМРО-ДПМНЕ, велат од Интегра

0
1145
Претседателот на партијата Интегра, Љупчо Ристовски, која освои околу 12.200 гласови директно ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека опозициската партија стои зад целиот скандал со резултатите од ДИК.

„Претседател на Државната изборна комисија е човек на ДПМНЕ, предложен и избран од него. Фирмата која го води софтверскиот дел на изборниот процес е исто така, велат многумина, блиска на ДПМНЕ. ДИК до овој момент се уште нема никакви официјални податоци за изборните резултати а имаме информација дадена лично од претседателот на ДИК дека се под силен хакерски напад. Прашање е како знаат дека до сега објавените податоци во јавност се објавени од страна на хакерите или не? И како нас ќе не убедат како опозиција или како јавност дека тие податоци кои струјат во јавност се исправни и веродостојни и се податоци на ДИК?“, изјави Ристовски.

Тој побара и оставка од првиот човек на ДИК, ако е точна тезата на партијата која го предложи дека е направен фалсификат.