За да докаже дека се безбедни: Лекар истрча 35 километари со маска

0
1837

Лекарот Том Лотон од Велика Британија реши да провери дали носењето маска може да влијае на нивото на кислород, па истрча 35 километри додека ја носеше.

Тој го набљудуваше нивото на кислород со оксиметар додека трчаше.

„Нивото на кислород беше 98 проценти секогаш кога проверував“, напиша тој на Твитер.

Во интервју за Си-Ен-Ен, тој рече дека сака да покаже дека маските се безбедни за носење и неопходни за борбата против ширењето на коронавирусот.

Бројни здравствени работници ги повикуваат луѓето да носат маски за да се заштитат себе си и другите. Но, стана контроверзна тема затоа што некои луѓе одбиваат да носат маски.

„Бев фрустриран кога видов дека некои седат без маска и тврдат дека нивото на носење им го намалува нивото на кислород“, додаде Лоутон.

Иако признава дека носењето маска не е пријатно, нивото на кислород никогаш не паднало.

„Трчав и до и од работа. Треба да држиме дистанца, да се придржуваме до правилата за изолација, да ги миеме рацете и да носиме маска“, заклучи тој.