СПАСОВСКИ СО ПОРАКА ДО РУСИЈА: ТРГНЕТЕ ГИ РАЦЕТЕ ОД СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

0
1206

Одговарајќи на новинарско прашање, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека во државата има хибридни напади, меѓу нив и ширење лажни вести, пропаганда.

– Јас дадов изјава во којашто кажав и денеска потврдувам дека постојат многу хибридни напади врз Северна Македонија и посебно во моменти кога се одлучува за иднината на оваа држава. Тие хибридни напади, еден од механизмите е и ширењето на лажните вести, ширењето на пропагандата, пред сè во креирањето на јавното мислење. Така што, сакам секој еден да ги тргне рацете од Северна Македонија. Ние сме тие коишто треба да одлучуваме самостојно за нашата иднина и за нашата судбина. Така што кој било, дали се тоа руски претставници, дали се било какви претставници, тие треба да си ја гледаат својата работа. Секако дека нашите служби активно работат, соработуваат, разменуваат информации, се со цел да се зачува целосно безбедноста на нашата земја, изјави Спасовски.