ЗА ВРЕМЕ НАПАДОТ СО НОЖ ВО СИДНЕЈ ПОВРЕДЕНИ СЕ МАЈКА И БЕБЕ

0
94

Повеќе луѓе се избодени со нож во популарен трговски центар во Сиднеј, меѓу кои и бебе и нејзината мајка, јавуваат австралиските медиуми.

Нападот се случил денеска попладне нешто пред 16 часот по локално време.

На социјалните мрежи се шират снимки и фотографии од лице за кое се тврди дека е напаѓачот, како прободува луѓе во трговскиот центар „Вестфилд бонди џанкшн“ во Сиднеј.

Брзата помош во Нов Јужен Велс потврди дека седум лица биле пренесени во градските болници, вклучително и едно бебе кое било пренесено во детска болница.

Полицијата соопшти дека напаѓачот бил застрелан. Наводно се убиени четири лица, а не се знае дали меѓу нив бил и напаѓачот.

„Се повикуваат луѓето да ја избегнуваат областа. Истрагата за инцидентот е во тек и нема дополнителни детали“, се вели во соопштението на полицијата