ФИЛИПОВСКИ : ЗА ПАДНАТИОТ SИД ВО ПИНТИЈА ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ ДА СПРОВЕДЕ ИСТРАГА И ДА БАРА ОДГОВОРНОСТ ОД КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ

0
684
Изјава за медиуми, Дарко Филиповски, советник во Советот на општина Кисела Вода
Почитувани,
Потпорниот ѕид што вчера се урна овде во населба Пинтија, уште еднаш на дело ја покажа неспособноста на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ.
Додека потрошија над 600 милиони за споменици, барок и палми ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот градоначалник Коце Трајановски фушерски изведуваа проекти каде очигледно побитни биле провизиите отколку квалитетот.
Показател за тоа е и овој потпорен ѕид кој вчера се урна и чиста среќа е што при тоа нема човечки жртви.
За овој катастрофален пропуст мора да им одговорност и од изведувачот, но и од поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски.
Градоначалникот Ѓорѓиевски исто како и Данела Арсовска освен што ја партизира општината, народните пари ги троши на непродуктивни трошоци, во првите седум месеци од мандат не сработи ништо за граѓаните и општината.
Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување за граѓаните.
Ви благодарам.