ЗАПОЧНУВА ПЕКОЛОТ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА, ИЗРАЕЛ ЈА ЗАПОЧНА СВОЈАТА КОПНЕНА ОФАНЗИВА, ВО СЕВЕРНИОТ ДЕЛ СЕ СЛУШААТ СИЛНИ ИСТРЕЛИ, ТЕНКОВИ ЈА ПОМИНАА ОГРАДАТА

0
550

После масовната артилеристка припрема со бомбардирање на Газа, започна масовната копнена офанзива на израелската армија во Газа. Се слушаат истрели во северниот дел на Газа, јавуваат израелските и арапските медиуми. Израелски тенкови влегуваат во појасот Газа од исток и север, огромна битка се води околу оградата која го одвојува Појасот Газа од Израел.

Милитантната група Хамас, пак, соопшти дека е подготвена за најавената израелска инвазија на Појасот Газа.

Во меѓувреме, Палестинската црвена полумесечина соопшти дека изгубила секаков контакт со своите оперативни тимови кои дејствуваат во Газа и изрази загриженост оти луѓето нема да може да контактираат со интите служби.

Освен Црвената полумесечина, и други хуманитарни организации известуваат дека не можат да контактираат со своите центри и тимови во Појасот Газа.

Ова уследи откако палестинската телекомуникациска компанија „Палтел“ објави соопштение во кое го потврди „целосниот прекин на сите комуникациски и интернет-услуги со Појасот Газа“.

Колапсот на телекомуникациските врски во Појасот се случил околу 19:30 часот по средноевропско време.