ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛ НА СОПСТВЕНИК НА МЕДИУМ ВО КОСОВО, СЕ БАРААТ СТОРИТЕЛИТЕ

0
192

Како што јави Косово онлајн, случајот бил пријавен во „Косовската полиција“ која извршила истрага и се очекува надлежните институции да го расветлат мотивот, да ги идентификуваат сторителите и да ги изведат пред лицето на правдата.

Заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион Ветон Ељшани во неделата потврди дека ноќта меѓу саботата и неделата изгорел автомобил во Лепосавиќ.

Полицијата потоа добила повик во три часот по полноќ и веднаш излегла на местото на настанот.„Запален е еден автомобил, оштетен е моторот. Засега не ги знаеме причините. Истрагата е во тек“, изјави тогаш Елшани.