ЗАЕВ НА ЕКОНОМСКИОТ ФОРУМ ВО ДЕЛФИ, ГРЦИЈА: УШТЕ СЕГА ДА ПОЧНЕМЕ ДА СЕ СПРЕМАМЕ НА БАЛКАНОТ ЗА СЛЕДНАТА ЗИМА, ОВАА НЕКАКО СЕ СПАСИВМЕ

0
1144

Делфи, Грција во античкиот свет и во митологијата важи за најпознато пророчиште каде граѓаните, трговците, властите и војсководците добивале совети и предвидувања за нивните постапки во иднина. Денес, пак, Економскиот форум во Делфи важи за еден од најеминентните економско-политички собири во Европа каде сегашни и поранешни лидери од различни општествени сфери ги дефинираат трендовите на идниот развој во економијата.

Чест ми е што мојата соработка со Економскиот форум во Делфи прерасна во постојана и суштинска и што и оваа година дадов свој придонес во дискусиите, конкретно во областа енергетика. Во моето излагање се осврнав на важноста на соработката на земјите од регионот, потенцирајќи го заедничкото успешно надминување на зимата која е зад нас. Апелирав на потребата од уште позасилена соработка меѓу земјите од Отворен Балкан со Грција и Бугарија, во пресрет на следната зима која исто така нема да биде лесна од енергетски аспект.