Заев изрази сочувство за загинатиот струмичанец во Турција

0
1118

Изразувам искрено сочувство за загинатиот сограѓанин од Струмица во сообраќајната несреќа во Турција, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на Струмица, Зоран Заев.

„Подготвен сум да помогнам на неговото семејство за се што е потребно, како и на другите повредени граѓани. Апелирам до властите во Турција максимално да се заложат за здравјето на повредените граѓани од Македонија“, напиша Заев.